HUAWEI WATCH GT 2 Pro – исклучителен часовник за секоја прилика

HUAWEI-WATCH-GT-2-Pro008-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

HUAWEI WATCH GT 2 Pro







Што да се каже за часовник кој е изработен од лесна титаниумска рамка и има стакло од сафир кое е отпорно на гребење?!

Удобноста ќе ја гарантира керамиката од која е изработен долниот дел на часовникот. Истата е тука за да ви овозможи прекрасно искуство.

Часовникот овозможува над 200 дизајни на различни виртуелни дизајни кој го прави овој часовник лесно прилагодлив за секоја прилика. Дисплејот поддржува и прекрасни динамични прикази.

HUAWEI WATCH GT 2 Pro поседува напреден ЛЕД дисплеј и има четири фотосензори со интелигентни AI алгоритми. Часовникот прецизно мери SpO2 (сатурација на кислород) и отчукивања на срце, и сето тоа со помала потрошувачка на енергија. Исто така часовникот мери и VO2max  што е исклучително корисно за фитнес тренинзи.

Интересна можност кај HUAWEI WATCH GT 2 Pro е следењето на месечината. Часовникот прикажува 8 фази на месечината, а прикажува и кога изгрева и заоѓа сонцето.

Покрај дневните активности, спиењето и одморот се важен дел од денот за  оддржување на нашето здравје. Часовникот има шест модули за мерење на сонот кој се базира на HUAWEI TruSleep™ 2.0 технологијата која резултатите од сонот ги прикажува на научна основа. Доколку сакате да го подобрите вашиот сон, HUAWEI WATCH GT 2 Pro е вистинскиот часовник за вас. Благодарение на GT2 Pro ќе добиете совети како да го подробрите вашиот сон, а паралелено со оваа функција, часовникот во континуитет ќе го мери вашиот пулс и ќе го анализира вашето дишење. Сублиматот од овие инормации ќе биде прикажан како вкупен квалитет за вашиот сон.

HUAWEI не би бил тоа што е доколку не го подготви својот најдобар часовник за оние кои спортуваат. Часовникот поддржува прецизно следење на податоци за над 100 типови  на вежби, како што се планинарење, трчање на отворено, сурфање, тенис и.т.н., а вклучува и курсеви за трчање со гласовно водење за да ви даде повеќе сугестии за подобар тренинг. Со Route Back опцијата часовникот ги снима патеките по кои се движите и користи ГПС за прецизно лоцирање. Доколку сигналот е слаб, ве алармира, но и понатаму може да го снимате движењето.

За сите оние кои навлегуваат во детали, овој часовник го прикажува и следи воздушниот притисок и надморската височина во реално време, а алармира и ако има нагла промена на времето.

Технологијата која е вградена во овој часовник оди и чекор понатаму. Благодарение на HUAWEI TruSeen™ 4.0+ пулсот се мониторира 24 часа и има интелигнетни потсетници за во случаи на поголем или помал пулс. Без разлика дали спортувате или одмарате, часовникот ќе го следи вашето здравје и ќе предупредува кога ќе има потреба од тоа.

Батеријата која се наоѓа во часовникот е одлична и со едно полнење може да работи и до две недели, што е фантастично. Полнењето е со помош на магнетен Wireless адаптер и се што треба е да се постави на него за да почне полнењето.

За HUAWEI WATCH GT 2 Pro уште ќе спомнеме и дека има капацитет да складира приближно 500 песни, може да прави и прима повици, а може и да ја вклучи камерата од вашиот телефон и да слика со неа. Како и телефоните и лаптопите на Хуавеи, така и часовникот има можност за брз трансфер на фотографии со едноставно потчукнување врз уредот со кој треба да се поврзе.

За HUAWEI WATCH GT 2 Pro има уште многу да се пишува, но ќе оставиме нешто и сами да откриете. Како за крај, без разлика дали спортувате или не, дали сакате елеганција или сте спортски тип, ние искрено ви го препорачуваме овој часовник.

ел.инж. МБ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK