Huawei ќе ги лансира производите од Matebook серијата на лаптопи и на македонскиот пазар



Кон крајот на месецов, технолошкиот гигант Huawei ќе го прошири своето портфолио на паметни производи во Северна Македонија со нова категорија – лесни и преносни лаптопи од Matebook серијата. Македонските корисници ќе имаат на располагање 4 претставници – моделите  Matebook X Pro со 13,9 инчен дисплеј на допир, ултра тенкиот 13 инчен Matebook 13 и елегантните машини од средниот ценовен опсег, Matebook D14 и D15.

Сите модели се одликуваат со FullView дисплеј, елегантнo металнo тело, копче за стартување со препознавање на отпечатоци и поддршка на интелигентни одлики за поврзување на лаптопот и вашиот паметен телефон Huawei, познати како Multiscreen collaboration или интеракција со повеќе екрани.

Huawei Matebook X Pro

13.9 инчниот Huawei Matebook X Pro тежи само 1,33 кг и е дизајниран за динамични деловни луѓе и креатори на дигитални содржини кои бараат мобилност, долготрајност на батеријата, супер детален и светол дисплеј, стил и уникатност. Хардверскиот систем е составен од 10-та генерација на процесорот Intel® Core ™ i7-10510U, 1TB SSD и NVIDIA® GeForce® MX250 видео картичка што работи со 2 GB GDDR5, а батеријата од 56Wh има неверојатно долг век на траење, подготвен да ги исполни барањата на сите потрошувачи. Huawei Matebook X Pro се очекува со оперативен систем Windows 10 Pro.

Huawei Matebook 13

 13 инчниот Matebook 13 се базира на мобилен процесор AMD Ryzen™ 5 3500U со графичка картичка Radeon™ Vega 8 и 512GB SSD. Екранот има сооднос 3:2 и резолуција од 2160 X 1440 пиксели и исто така поддржува 100% од опсегот на sRGB. Батеријата од 42Wh трае до 10 часа нормална употреба и се полни со компактен полнач Type-C. Matebook 13 доаѓа со оперативен систем Windows 10 Home.

Huawei Matebook D14 & D15

 HUAWEI MateBook D14 и D15 располагаат со дисплеј од 15,6 инчи и 1080p резолуција (1920×1080) и широк агол на гледање од 178 степени. Конфигурациите засновани на AMD Ryzen™ 7 3700U со Radeon™ Vega 8/ Radeon™ Vega RX 10 графики и 8 GB DDR меморија се присутни во моделите, а нивната батерија има капацитет од 42Wh. Matebook D14 и D15 се базирани на оперативниот систем Windows 10 Home.

Интеракција со повеќе екрани со Huawei Share

 Лаптопите на иднината на Huawei нудат безбројни иновативни одлики, меѓу кои е и интелигентната интеракција помеѓу хардверот и софтверот на паметниот телефон и лаптопот, наречена Multiscreen Collaboration, базирана на Huawei Share технологијата. Вашиот паметен телефон и лаптоп ќе работат како еден уред, споделувајќи содржини за да овозможат најдобро корисничко изкуство, што е и приматот на брендот.

 Huawei Matebook серијата ќе биде достапна на македонскиот пазар кон крајот на август.

Повеќе информации погледнете на: https://consumer.huawei.com/mk/laptops/matebook-x-pro-2020/


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*