Греење и ладење без струење на водухот: Samsung Wind-Free™ Deluxe


– Компанијата Samsung Electronics Air Conditioner Europe B.V. (SEACE) и официјално го претстави новиот модел на ѕидни клима уреди Wind-Free Deluxe, со единствена  технологија на ладење и функции за паметно управување. Кога се работи за VRF системите (системи на променливи флуиди), Samsung ја проширува својата линија на ѕидни единици на средни и големи бизнис објекти, како хотели и бизнис згради, додека Wind-Free™ Deluxe технологијата со EHS топлотните пумпи (систем на економично греење), овозможува воспоставување на сеопфатно решение за греење и ладење на станбени простори.

„Со претставување на новата линија на Samsung клима уреди порано оваа година, ја зајакнавме својата улога како предводник на пазарот за иновативни производи за ладење и греење. Меѓутоа, нашата цел отсекогаш била Wind-Free™ технологијата да ја направиме достапна за пошироката јавност, а со најновиот Deluxe модел во можност сме тоа и да го реализираме“, истакна Xavier Feys, потпретседател на секторот за претпродажба, развој на работењето и корисничките услуги во SEACE.

Иновативна технологија на ладење

Wind-Free™ Deluxe е, слично на ѕидните модели за станбени примени, опремен со единствена технологија, која домот го прави значително попријатен и поудобен, со помош на повеќе илјади микроскопски ситни отвори за изедначена дистрибуција на свеж воздух. При користење на Wind-Free™ режимот, воздухот се дистрибуира тивко и лесно, со кое се создава „опкружување без струење на воздухот“[1].

Паметно работење

Управувањето на Wind-Free™ Deluxe технологијата се одвива преку жичните или безжичните единици, опремени со напредни функции за регулација на внатрешниот воздух. Истотака, можно е и далечинско ракување на единицита и нејзин надзор преку апликацијата SmartThings, како и со помош на гласовните команди на Bixby[2], што на корисниците им овозможува да го вклучуваат и исклучуваат клима уредот, да го бираат посакуваниот режим на ладење, да закажуваат извршување на функции и надгледување на потрошувачката на струја.

Едноставна монтажа

Со носачот со точки, за кои се потребни само два шрафови, новата Wind-Free™ Deluxe единица е конструирана за монтажата и сервисирањето да бидат уште полесни и побрзи во однос на вообичаените ѕидни модели. Резултатот е дури 45 проценти пократко време за монтажа отколку кај конвенционалните модели[3]. Освен тоа, благодарение на воздушните филтри, поставени од надворешните страни, сервисирањето може да се изведе без отворање на единицата.

 

TDM Plus

Во склоп на EHS асортиманот можно е да се комбинира Wind-Free™ Deluxe со системот TDM Plus, кој ги комбинира системите воздух-вода (A2W) и воздух-воздух (A2A), овозможувајќи сеопфатно решение за климатизација во домот. Може да се користи во текот на целата година за ладење, како и за подно и радијаторско грееење. Исто така, можно е максимално да се искористи потенцијалнот на системот за поврзување на паметна мрежа или на соларни панели.

 

Палета на производи

Моделите Wind-Free™ Deluxe на компанијата Samsung се достапни во варијантите VRF (променлив проток на флуиди) и како систем за економично греење EHS.

  • Капацитетот на единицита VRF е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV) или без него.
  • Капацитетот на единицата EHS е достапен во распон од 1,5 до 8,2 kW и може да се набави само со комплетен електронски експанзивен вентил (EEV).
  • Расположливоста на палетата на производи може да се разликува на локалните пазари.

[1] ASHRAE (Американско здружение на инженери за разладувачки, грејни и системи за климатизација) го дефинира „опкружувањето без струење на воздухот“ како опкружување во кое брзината на воздушната струја без присуство на ладно струење е пониска од 0,15 m/s.

[2] Неопходно е Wi-Fi поврзување за апликацијата Samsung SmartThings. Wi-Fi опремата се нарачува посебно. Неопходен е iOS 10.0 или понова верзија, односно Android 5.0 или понова верзија. Можно е да бидат потребни дополнителни услови на поради користење на апликацијата SmartThings во средните и поголемите бизнис згради. Достапноста на опишаните функции може да зависи од изведбата на системите. Гласовните команди на Bixby поддржуваат англиски (US, UK, индијски), кинески, корејски, француски, германски, италијански, португалски и шпански јазик.

[3] Тестирано со споредување на моделот AM022TNVDKHEU со конвенционалниот модел Samsung AM022JNVDKHEU под специфични услови. Во зависност од специфичните услови и употребата, можни се отстапки.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*