Габа од Чернобил како штит за астронаутите во Вселената


Габа од Чернобил како штит за астронаутите во Вселената - МИА

Хјустон, 29 јули 2020 ()НАСА планира да се врати на Месечината до 2024 година, меѓу другото, и со намера да воспостави трајно човечко присуство таму до крајот на ова десетлетие. По тој пат има многу логистички пречки, а една од најголемите е тоа дека универзумот постојано се обидува да се ослободи од човечките патници…

Штетното радиоактивно зрачење, во таа смисла, претставува голема закана за здравјето на астронаутите. И, ако луѓето имаат намера да се упатат кон Марс и другите планети, што подразбира подолг престој во непознатото пространство, тогаш е неопходна посериозна заштита. За таа цел, научниците проучуваат жив организам кој вирее во можеби најрадиоактивната област во овој миг на Земјата – Чернобил… А, тоа е габата Cladosporium sphaerospermum, за која се верува дека може да формира тн. „самоисцелувачки штит“ што ќе ги заштитува астронаутите од радиоактивно зрачење.

Еден примерок од овие габи беше пренесен и еден месец испитуван на Меѓународната вселенска станица – МВС. Научниците сакаа да дознаат колку таа габа е во состојба да го запре зрачењето, благодарение на меланинот во себе што го претвора штетното зрачење во енергија…

Астронаутите на МВС се изложени на зрачење 20 пати поголемо од нормалната количина на зрачење на кое се изложени на Земјата за една година. По 30 дена експерименти на МВС, заклучоците говорат дека габата добро се прилагодува на бестежинската состојба и добро напредува, и покрај зголемената радијација, односно дека ја намалува за два отсто.

Значи, во иднина, оваа габа најверојатно би можела да послужи како штит во мисиите на Месечината и Марс.

Но, на тој пат сѐ уште има многу пречки… Сепак, можеби идните живеалишта во Вселената ќе напредуваат благодарение токму на организмите кои на Земјата, генерално, се сметаат за непожелни. 


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*