„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови


„Фејсбук“ лансира апликација за комуникација помеѓу парови - МИА

Сан Франциско, 8 април 2020 () – Пред одреден период „Фејсбук“ објави функционалност за запознавање, а сега компанијата тестира ново решение за комуникација помеѓу двојки. „Тјунд“ (Tuned) ќе ги охрабрува да создадат своја интимна социјална мрежа едни со други.

Преку специјалната апликација, која во моментов е достапна само за ајОС, тие ќе можат да ги споделат своите расположенија, музика, фотографии, говорни пораки, како и да создадат дигитални албуми.

Апликацијата може да се поврзе со „Спотифај“ а има достап и до разни налепници и реакции. Засега, услугата е бесплатна и не е потребна сметка за „Фејсбук“, но корисниците подлежат на политики за чување и користење на податоци од страна на компанијата. Ние допрва ќе видиме дали Фејсбук активно ќе ја промовира „Тјунд“ и дали апликацијата ќе се појави и на „Гугл Плеј“.

Платформата е дело на Тимот за експериментирање на нови производи (НПЕ), кој беше формиран минатата година. Меѓу неговите услуги е и апликација слична на „Пинтерест“ и апликација за создавање меме. Сепак, тие никогаш не беа наметнати од Фејсбук.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]