Епл Воч лани ја надминал цела швајцарска индустрија



– Американскиот Епл Воч лани бил најпродаван паметен часовник, со повеќе продадени примероци од цела швајцарска индустрија, како што покажуваат податоците на „Стратеџи аналитикс“.

Извештајот проценува дека Епл испорачал речиси 31 милион часовници минатата 2019 година, што е 36 отсто повеќе од претходната. Швајцарските Своч, ТАГ Хајер, но и сите други брендови испорачале вкупно околу 21,1 милион примероци, што е пад од 13 отсто во однос на 2018 година.

Епл сè уште ги нема објавено податоците од ланската продажбата на Епл Воч, но Стратеџи Аналитикс ги собрале податоците од малопродажните партнери и други доставувачи.

– Аналогните рачни часовници се популарни меѓу повозрасните потрошувачи, но помладите купувачи ги избираат паметните часовници и компјутеризирани верзии на рачен накит, објави Нил Мостон, извршен директор на аналитичката компанија.

И според аналитичарот Стивен Валцер, традиционалните швајцарски произведувачи на часовници ја губат битката против паметните уреди.

Епл Воч е долгогодишен лидер на пазарот на паметни часовници и еднаш веќе ја надмина швајцарската индустрија, според квартална продажба во 2017 година. Ова е прва полна година во која производот ги престигна сите свои аналогни конкуренти од оваа европска земја.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]