Епл конечно го претстави својот прв автомобил (Фото)


Проектот Apple Car е јавна тајна, иако познатиот технолошки гигант не сака да открива никакви детали за него, како што е случајот со сите други новитети со нивниот потпис.


 

Сепак, со постојано поднесување на барања за патенти, практично можеме да го потврдиме постоењето на тајна група инженери кои работат на автомобил на Apple за нивните клиенти.

Внатрешно познат како Проект Титан, проект за автономно возило започна во 2014 година. Помина низ бројни подеми и падови, што за малку ќе го доведе до трајно исклучување. Apple планира официјално лансирање во 2024 година. Деталите за самиот автомобил се прилично оскудни, а британската лизинг компанија Ванарама ги искористи сите официјални патенти за да создаде сет на дигитални рендери на овој модел.

Ако на прв поглед мислите дека концептот Vanarama Apple Car изгледа неверојатно слично на моделот Tesla Cybertruck, не сте единствни. Сепак, двете EV возила имаат аголни, остри линии заедно со општи дизајни кои се разликуваат од традиционалните автомобили.

Надворешноста е ослободена од „гужви“ додека неговиот дизајн се чини дека е дело на актуелните дизајнери на телефоните на Apple. Логото на Apple може да се види напред и назад, а тркалата добиваат одлична завршница. Предните светла и позициските светла се тенки и ја покриваат целата ширина на предниот и задниот дел на автомобилот. Она што е особено интересно е дека дизајнот на Apple доби истакната предна решетка на ладилникот, што не е нешто што би го очекувале од EV автомобил.

Еден од главните акценти на концептот на брендот Vanarama е „GlassHouse“. Овој автомобил нема традиционални столбови како рамка, туку има стаклен елемент во кој предното и задното стакло, панорамскиот покрив и прозорците непречено се поврзуваат едни со други. Придобивките од овој дизајн нудат непречен поглед на околината, без слепи точки, што ја прави кабината да изгледа пространа и воздушна. Сепак, не сме сигурни колку е безбеден овој дизајн и дали воопшто би можел да се регистрира.

Целата контролна табла е еден огромен екран, што е насоката во која веќе се движи автомобилската индустрија. Моделот има волан и џојстик во централниот дел на конзолата, за кои не можеме да одлучиме за што служи. Предните седишта можат целосно да се ротираат, што ни кажува дека автомобилот на Apple ќе биде целосно автономен. Брендот Vanarama тврди дека нивните експерти ги создале овие рендери максимално по патентите поднесени од Apple.