Елегантен и моќен: Смартфон HONOR 50 за сечии потреби


Телефонот HONOR 50 има атрактивен дизајн, во четири бои – Frost Crystal, Emerald Green, Amber red и Midnight Black.


 

Задната обвивка сјае под различни агли на светлина, што ја прави особено привлечна за припадничките на понежниот пол. Во задниот дел доминира овален модул со четири камери, кој се состои од два дела. Главната камера ја зафаќа целата половина од овој модул, додека преостанатите три камери се распоредени на другата половина.

Главната камера е со резолуција од 108 MP, а покрај неа има широкоаголна камера од 8 MP, макро камера од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP. Автоматскиот фокус е многу брз, дури и при услови на слаба осветленост, така што HONOR 50 сè уште може брзо да прави фотографии со добар квалитет. Острината на фотографиите е многу добра и во аглите, а боите не се „премногу силни“ како што често се случува со камерите на телефоните.

Широкоаголната камера опфаќа 120 степени. Макро камерата има фиксен фокус од 4 cm и ви овозможува да фотографирате предмети од непосредна близина, а сензорот за длабочина одлично ја врши работата. Предната камера е со резолуција од 32 MP и е еден од најголемите адути на овој телефон. Совршен е за корисници кои прават влогови, често прават видео повици или едноставно сакаат да прават селфи. Кога станува збор за снимање видео, поседува мулти-видео режими кои ви овозможуваат да комбинирате до три камери во една снимка, од кои најверојатно ќе го користите режимот што ја снима и задната и предната камера.

На предната страна има заоблен OLED екран со дијагонала од 6,75 инчи и резолуција од 1.080 x 2.340 пиксели. Екранот може да произведе 1,07 милијарди бои и покрива 100 проценти од опсегот на бои DCI-P3. Ова е придружено со стапка на освежување на екранот до 120 Hz и стапка на земање примероци на допир од 300 Hz, обезбедувајќи високи брзини на одговор на екранот за да се обезбеди уникатно искуство додека гледате видеа и играте игри со помало доцнење на внесувањето.

Заобленоста на рабовите на екранот само го потврдува чувството на ексклузивност што го носи овој телефон. Ако се земе во предвид дека е позициониран во средната ценовна класа, тоа може да го сметаме како голем плус. Телефонот е многу тенок (под 8 мм), а за тој впечаток дополнително придонесува заобленоста на рабовите, што прави телефонот убаво и удобно да лежи во рака.

HONOR 50 е базиран на Qualcomm Snapdragon 778G 5G, кој е тука за да ги подобри перформансите на графичкиот процесор за 45 проценти, додека моќта на обработка на AI е за 123 проценти поголема во споредба со претходната генерација. Со графички процесор Turbo X, единствена технологија за графичко забрзување, HONOR 50 обезбедува моќни перформанси дури и за време на интензивни игри. Телефонот е опремен и со 6 GB RAM, како и 128 GB простор за податоци.

HONOR 50 има батерија од 4.300 mAh која трае еден ден. Телефонот доаѓа со супер брз полнач од 66 W, кој благодарение на технологијата SuperCharge може да ја наполни батеријата до 70 проценти за само 20 минути.

На телефонот е инсталиран Android 11 со кориснички интерфејс Magic UI 4.2.