Дали сонувате за постојано чист и уреден фрижидер? Еве неколку совети како да го постигнете тоа


Колку често помислувате дека вашиот фрижидер има потреба од средување и одеднаш почнувате да ги забележувате сите оние садови, тегли и амбалажи што се натпреваруваат за простор со денови и кои треба да бидат правилно распоредени и користени? Средениот фрижидер заштедува време за работа во кујната, а најважно е да биде секогаш чист за да ја одржува храната посвежа. Редовното празнење и чистење на фрижидерот не само што ја гарантира безбедноста на храната, туку овозможува и навреме да го проверите датумот на истекување и да ја користите целата храна. Особено во сезоната кога се подготвуваат празнични оброци и кога сме склони на поголемо складирање на намирници од вообичаеното, исклучително е важно да се грижиме дополнително за хигиената на овој апарат за домаќинство.



Ако имате фрижидер кој држи свежина двојно подолго, има доволно простор за складирање и е дизајниран така што ќе можете да ја сортирате целата храна убаво, тогаш практично си решивте многу потешкотии околу чувањето на храна. Токму таков вид на простран фрижидер е Samsung RB7300 – стандардна длабочина, речиси тивка работа, минималистички дизајн и флексибилен за складирање. Во овој исклучително голем фрижидер од 385 литри, со длабочина од 600 мм, можете да чувате повеќе намирници. Високо ефикасната изолација со SpaceMax технологијата овозможува ѕидовите на фрижидерот да бидат значително потенки. Заради тоа, има повеќе простор за складирање и не излегува надвор од постојната работна површина.

Но, како да го средите фрижидерот, а да не ви одземе многу време? Сè што треба да направите е да ги искористите предностите на неговиот дизајн и преградите за складирање храна.

Модел RB7300 на Samsung фрижидерот има Optimal Fresh+ преграда, која може да се користи како една преграда или да се подели на два одделни прегради со различни температури. На левата, поладна страна од оваа преграда, можете да чувате месо и риба, додека десната е идеална за овошје и зеленчук.