Безос денеска се додава на „клубот на астронаути“


– Џеф Безос, денеска ќе му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“.


 

„Њу Шепард“ ќе биде лансиран во 15:00, а емисијата за  настанот почна во 13:30 часот по македонско време, денеска од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас. Пустинското место на полетувањето е на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Настанот ќе се пренесува во живо на интернет-страната на „Блу ориџин“.

Летот ќе трае 11 минути. Меѓу патниците е и братот на Џеф, Марк Безос.

Само две недели претходно, еден друг милијардер – основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон го имаше своето „огнено крштевање“ во вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на иднината и плановите.