4 работи што ги прават Daikin прочистувачите на воздух супериорни


Со новите прочистувачи на воздух, Daikin останува на ветувањето за обезбедување на почиста и поздрава атмосфера во вашите домови, канцеларии и на останатите комерцијални простории. Во нив се вградени најнови технологии кои ги прават овие прочистувачи максимално ефикасни во заробување на штетните честички, отстранување на непријатни мириси како и деактивирање на вируси.


 

 

Електростатички HEPA филтер

HEPA филтрите се златен стандард кога станува збор за филтрирање на воздухот. Со електростатички филтер кој се користи во прочистувачите, Daikin оди чекор понатаму. Електростатичкиот ЕПА филтер заробува PM2.5 so 99.97% успешност и притоа не ја намалува ефикасноста на прочистувачот како обичните HEPA филтри.

Flash Streamer технологија

Flash Streamer технологијата е уникатна за Daikin прочистувачите на воздух. Со помош на овој уред вграден во повеќе производи на Daikin (неколку модели на клима уреди и сите прочистувачи на воздух) преку процес на оксидација ги разградува бактериите, мувлата, поленот и спори од мувла кои се заробени во филтерот.

Според последното истражување на Daikin Industries во соработка со универзитетот во Токио и Окајама, откриваат дека по 3 часа озрачивање Flash Streamer технологијата успешно онеспособува 99.97% од SARS-CoV-2.

 

Супериорен сензор за квалитет на воздух

Новата генерација на Daikin прочистувачи на воздух се опремени со напреден сензор за мерење на квалитетот на воздухот во просторијата, кој го мери количеството на прашина и PM2.5 честички како и непријатен мирис.

Со помош на овој сензор е овозможен автоматскиот режим на работа, што самостојно го регулира протокот на воздух низ прочистувачот и го вклучува и исклучува Flash Streamer уредот во зависност од нивото на загаденост, без потреба вие да се грижите за тоа.

 

Беспрекорна и тивка работа

Удобноста во домот или на работа не подразбира само чист воздух туку и тивок и релаксирачки амбиент. Тивкиот режим на работа на Daikin прочистувачите го овозможува токму тоа, со неверојатни 19dB јачина на звук при работа кога тивкиот режим е активен, што е еднакво на шепот.

 

Прочитајте и информирајте се повеќе за прочистувачите на воздух на DAIKIN на селдниот линк: daikin.mk/procistuvaci