Опожарено возило во Аеродром

Вчера вечер во 21.42 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Г.Ц. од Скопје пријавил дека на подрачје на општина Аеродром било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, извести МВР. – Според пријавеното, тој самиот го изгаснал пожарот, додаваат од МВР. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Ограбена обложувалница во Центар

Вчера вечер во 22.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Центар, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Вучиќ разговараше со украинскиот амбасадор: Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со украинскиот амбасадор Володимир Толкач, кому му го пренесе ставот на Србија за прашањето за неповредливоста на границите и почитувањето на Повелбата на Обединетите нации, нагласувајќи дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжи да го прави тоа во иднина. Искрен и отворен разговор со амбасадорот Толкач за билатералната соработка, за …

Continue Reading

Уапсен маж од виничко, се сомничи дека допирал по тело 26-годишна Германка

Вчера вечер во 21.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино, виничко, извести МВР. – Тој се сомничи дека претходно допирал по телото 26-годишна германска државјанка, соопшти МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Пленковиќ тврди дека Хрватска ќе има „силни и способни“ воздушни сили како ниедна друга во „овој дел од Европа“

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ изјави дека оваа земја ќе ја има најсилната авијација во овој дел од Европа благодарение на инвестицијата во француските повеќенаменски ловци Рафале, пренесува Кликс. При отворањето на новиот конгресен центар на Хрватскиот воен факултет „Фрањо Туѓман“, Пленковиќ истакна дека стратешката позиција на Хрватска ќе се промени. Следната година стратешката позиција на Хрватска ќе се смени …

Continue Reading

Скопјанка пријавила закана со пиштол, се расчистува случајот

Вчера попладне, во 17.00 часот во СВР Скопје, 36-годишната К.К. од Скопје пријавила дека на 29.08.2023 околу 14.30 часот во фирма на подрачје на Гази баба во Скопје, поради нерасчистени деловни односи, едно лице и се заканило со пиштол, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсен скопјанец, нападнал полицаец

Вчера, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 21-годишниот С.Ј. од Скопје, извести МВР. – Тој се сомничи дека на 18.08.2023 на ул.„Скупи“ во Скопје, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, додаваат од МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, …

Continue Reading

Ал-Етифак на Џерард му го раскина договорот на Дарко Велковски

Саудискиот клуб, Ал-Етифак, кој оваа сезона го донесе легендарниот Стивен Џерард како тренер, потврди дека му го раскинува договорот на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. „Ал-Етифак го потврдија раскинувањето на договорот со дефанзивецот Дарко Велковски со взаемна согласност. Му благодариме за што направи со нас и му посакуваме среќа“, се вели во потврдата на социјалните мрежи. Велковски веќе почна со тренинзи …

Continue Reading

Кривична против 22-годишник од Шуто Оризари, украл накит во струмичко

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 22-годишниот И.Е. од Шуто Оризари – Скопје поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „тешка кражба“, извести МВР. – На 12.08.2023 во Струмица, пријавениот одзел накит од З.Ј. од село Василево, струмичко, додаде МВР.

Continue Reading