Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе …

Continue Reading

Пленковиќ најави стратешко партнерство меѓу Хрватска и Израел

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави развој на стратешко партнерство меѓу Хрватска и Израел на средбата со шефот на израелската дипломатија Ели Коен. Пленковиќ на средбата истакнал дека е задоволен од зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете земји и нивното најавено стратешко партнерство, соопшти кабинетот на премиерот. Тема на средбата биле и безбедносните предизвици и справувањето со последиците од руската …

Continue Reading

Курти: За настаните на северот на Косово ќе зборувам подоцна

Премиерот на Косово, Албин Курти најави дека подоцна денеска ќе зборува за настаните на северот на Косово, односно за интервенцијата на косовската полиција кога новите градоначалници влегоа во зградите на локалната власт во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. За време на неговата посета на Косовската академија за јавна безбедност во Вучитрн, Курти одби да одговори на прашањата на новинарите за …

Continue Reading

Сирени и солзавец на северот на Косово, претседателот на Србија нареди највисока борбена готовност на армијата

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност. Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските …

Continue Reading

Думани: Минатата година запленет имот во вредност од над 100 милиони евра, 24 постапки против поранешни високи функционери

Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани денеска пред парламентарната комисија за правни прашања, јавна администрација и човекови права го презентираше извештајот за активноста на оваа институција во текот на 2022 година. Думани рече дека „по барање на Специјалното обвинителство, од Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал, во текот на 2022 …

Continue Reading

Албанските функционери, министри и пратеници со повисоки плати од 65 до 98 отсто

Предлог-законот за зголемување на платите во јавната администрација и на функционерите вклучувајќи ги и министрите и пратениците ги обедини власта и опозицијата во Албанија, чии пратеници доцна попладнево го изгласа истиот со кој платата на народните избраници се зголемува за 98 отсто, на министрите за 82, на шефот на државата за 65 и на премиерот за 72 отсто,јавија албанските медиуми. …

Continue Reading

Парламентот во Тирана расправа за зголемување на платите во администрацијата, но со висок процент и на функционерите и пратениците

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај денеска во парламентот во Тирана презентираше предлог закон со кој се отвора пат за зголемување на платите во администрацијата. Ибрахимај најави дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна. – Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна …

Continue Reading

Вархеји во Приштина: Косово треба да продолжи со реформите

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека Косово треба да продолжи со реформите, особено во правосудството. – Имавме многу добра дискусија со претседателката Османи. Косово е одлучно на својот пат да стане членка на Европската унија. Го цениме тоа што Косово ни се придружи против руската агресија …

Continue Reading