Стано: Ниту Белград ниту Приштина го потврдија пристигнувањето во Брисел

Портпаролот на ЕУ Петер Стано денеска изјави дека датумот на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти се уште не е одреден бидејќи ниту една од страните се уште не го потврдила учеството. „Немаме информации за тоа освен некои јавни неконструктивни оценки. ЕУ очекува двете страни да ја прифатат поканата и да дојдат на разговори …

Continue Reading

Ескобар бара ослободување на косовските специјалци уапсени во централна Србија

Владата на Косово треба да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија и забраната за преминување на возила од Србија преку административната линија со Косово, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинарите. Тој воедно побара од Србија веднаш да ги ослободи косовските полицајци, јави дописникот на МИА од Белград. Ескобар …

Continue Reading

Милатовиќ за МИА: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово

Црна Гора силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосно го дели ставот со ЕУ дека за постигнување на деескалација на тензиите потребно е повторно да има избори во северно Косово, и да се исполнат и предусловите кои се однесуваат на формирањето на Заедницата на српски општини, вели во интервју за МИА новиот претседател на Црна Гора Јаков …

Continue Reading

Курти: Влезот на српските сили во Косово – агресија и намера за дестабилизација

Косовскиот премиер, Албин Курти го оквалификува како агресија и намера за дестабилизација на земјата од страна на Србија, денешното приведување на тројца припадници на Полицијата на Косово, за кои властите и медиумите во Приштина тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили на косовска територија, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти побара итно ослободување на косовските полицајци …

Continue Reading

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Владата на Косово одлучи попладнево да го забрани влезот на секој вид стоки од Србија во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката на Владата на Албин Курти уследи откако денеска Србија приведе тројца припадници на косовската полиција, за кои официјална Приштина и домашните медиуми тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили внатре на косовска територија, …

Continue Reading

Приштина ја обвини Србија дека киднапирала тројца косовски полицајци на нејзина територија

Полицијата на Косово (ПК) објави дека тројца нејзини припадници денеска околу пладне биле киднапирани од маскирани лица од Србија, на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница, што се користи од српски криминални групи за нелегален премин и шверц од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на ПК, киднапирањето се случило во месноста Тресава/Баре, каде …

Continue Reading

Османи верува дека иднината на Косово е во ЕУ, на Србите им порача дека тоа е и нивен дом

Косово е фокусирано на европската иднина и убедена сум дека евроатлантските интеграции наскоро ќе бидат нашата иднина, рече денеска косовската претседателка Вјоса Османи во говорот во Европскиот парламент и ја искористи можноста да им порача на косовските Срби дека Косово е и нивен дом. Османи е првата претседателка на независно Косово која се обрати пред Европскиот парламент, 25 години откако …

Continue Reading

Стано: Посетата на Лајчак покажа дека Приштина и Белград и натаму се на суштински спротивни ставови

Портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано денеска изјави дека минатонеделната посета на специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак за Приштина и Белград потврдила дека двете страни се уште имаат суштински спротивни позиции за многу прашања и додаде дека консултациите за следните чекори се во тек. -Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак беше во Приштина и Белград придружуван од американскиот …

Continue Reading

Рама: Со Курти имаме исти цели, но не одиме по исти патишта, регионот е и наш, не им припаѓа само на Косово и Србија

Албанскиот премиер Еди Рама во врска со односите со косовскиот премиер Албин Курти, оценил дека ” имаат исти цели, но не одат по исти патишта”, јавија медиумите. -Мојата цел и целта на премиерот на Косово се идентични, но,  постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене курсот на судир со нашите сојузници …

Continue Reading