Мерки за граѓаните за намаулвање на загаденост на воздухот

Секторот за комунални работи инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата, поради надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 , (2 последователни дена 25и26.11.2024год. со среднодневни концентрации над 100 µg/m3), согласно добиениот акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух (ноември-февруари, 2024-2025г) од Министерство за животна средина и просторно планирање и …

Continue Reading

Мицкоски: Имам чувство дека некој го мести Филипче, нека расчисти побргу со неговите советнички тимови

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави: „Па јас понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата и имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, …

Continue Reading

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ по 26-ти пат одбија да гласаат за набавка на нови автобуси

Денешната седница на Советот на Град Скопје е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните советници немаат намера да го средат хаосот во јавниот сообраќај, велат од Град Скопје. Според нив, денес повторно се докажало дека всушност тие се креатори на хаосот. Повторно го блокираа проектот за БРТ со кој Скопје би добил 60 нови автобуси во рамки на …

Continue Reading

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа. Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал. Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 12.30 часот.

Continue Reading

Иванов до Бочварски: Што направивте вие изминатите 7 години, лицемерна и задоцнета е наводната грижа од ваша страна за граѓаните на Штип

На денешната седница во Собранието на амандманската расправа за Буџетот пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов се обрати до поранешниот министер Благој Бочварски и му упати прашање во однос на тоа што правел тој и СДС во изминатите 7 години и му посочи дека лицемерна и задоцнета е наводната грижа за граѓаните на Штип. „Како и до сега во …

Continue Reading

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско

СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти. – Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, …

Continue Reading

“Лазар Соколов 1914-1984” – промоција на книга

Во Занаетчиски дом, Куманово денеска се одржа промоција на литературно дело, во кое е опишан ликот и делото на Лазар Соколов, знаменит општествен работник, учесник во НОБ и еден од поверениците на Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот Св.Прохор Пчински, на 2 август 1944 година. Лазар Соколов е значајна историска личност од Куманово, основоположник на економско – социјалниот систем, …

Continue Reading

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со константно одбивање на амандманите предложени од СДСМ. На денешната комисијата за финансирање на буџет одби да се обезбеда средства за реконструкција на улицата „Ленинова“ во Скопје, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска. – СДСМ поднесе амандман да се обезбедат средства за реконструкција на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата на булевар Илинден до паркот на Франкофонијата. Со помош …

Continue Reading

Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен во општина Бутел

Денес на седница на Град Скопје, каде што се разгледуваше предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Бутел, со цел приклучување на населените места Љубанци и Љуботен на водоводната мрежа, говореше и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски. Стојановски изрази поддршка за иницијативата и ја истакна важноста на овој проект за локалното население. „Ние како советничка група на …

Continue Reading