Змиски отров можен лек против Ковид-19


– Руските научници од Институтот за биоорганска хемија при Руската академија на науките тврдат дека фермент од змиски отров помага во лекувањето на заразените лица со Ковид-19.



Истражувањето покажало дека отровот од црната змија (Vipera nikolskii) има можна вируцидна активност против Ковид-19.

Тој вид змија воглавно живее во југозападна Русија и во Украина.

Научниците  тврдат дека отровот од црната змија би можело да стане перспективно средство за создавање на нов лек против Ковид-19.