Украинските медиуми објавија неофицијални извештаи дека руски проектил удрил во Чернихив, а бил насочен на локација каде што украинските производители на дронови одржувале изложба.
Киев Индипендент потврди дека за денеска била планирана изложба на дронови во Чернихив, но локацијата се чувала во тајност. Регистрираните посетители требало да ја добијат адресата неколку часа пред настанот.