Зеленски сака во Париз да зборува за роковите за враќање на контролата врз Донбас


На претстојната средба на „нормандската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) во Париз украинската страна планира да го постави прашањето  за враќање на целата територија на Донбас под контрола на Киев. Ова денеска го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничкиот брифинг со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

-Сакам да зборувам за враќање, деокупација на Донбас, во некакви повеќе или помалку конкретни рокови. Ќе зборувам за тоа, ќе поставувам прашања, рече Зеленски, цитиран од Тасс.
„Има сериозни прашања кои се поврзани со безбедноста, има хуманитарни прашања, социјални, има прашања поврзани со локалните избори, за можностите за кои ние треба да зборуваме  откако таму (во Донбас) нема да има никакви незаконски воени формации“, забележа Зеленски.
Тој додаде дека планира да го постави и прашањето за роковите за размена на заробеници.

Украинскиот претседател подвлече дека Киев „се подготвува многу сериозно за оваа средба“ и дека сака на овие преговори да се постигнат „реални резултати“.

Средбата на врвот е планирана за 9 декември во Париз.


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]