Зеленски ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје во Киев

zelenski45.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски,  уште еднаш ги повика сојузниците да ја забрзаат испораката на оружје за Киев, нагласувајќи дека ситуацијата на фронтот зависи од брзината на снабдување со муниција.


„Поддржете ја нашата армија навремено. Сè уште не гледам ништо позитивно. Залихи има, полека пристигнуваат, но процесот треба да се забрза“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Киев.

Тој, исто така, ја истакна потребата од залихи на софистицирани системи за лансирање на противвоздушна одбрана „Патриот“ што Киев сака да ги добие од своите сојузници за да се спротивстави на руските ракети со долг дострел и беспилотни летала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK