Заздравува првиот заболен од коронавирус во Египет


Светската здравствена организација денеска соопшти дека лицето во Египет кај кое е потврден вирусот Ковид-19 заздравува, откако новите тестови покажале дека повеќе не е носител на вирусот.



Портпаролот на СЗО Инас Хамам рече рече дека тој ќе остане во карантин се додека не заврши периодот од 14 дена и до целосно излекување.

Египет го пријави случајот на заразен со коронавирус минатата недела.

Тоа е единствен случај на коронавирус во Африка.