Завршни разговори меѓу австриската ОВП на Курц и Зелените за влегување во коалициски преговори


Разговорите со кои лидерот на Австриската народна партија (ОВП) Себастијан Курц ги испитува можностите за формирање идна коалициска влада влегоа во завршна фаза и деншната средба со делегација на Зелените е последниот разговор пред почетокот на коалициските преговори.

Шестчлените тимови на ОВП и Зелените денеска се сретнаа за последен пат за да разгледаат дали има доволно основа за почеток на коалициски преговори.

Според Курц, состанокот ќе трае цел ден, по што тој вечерва ќе се обрати до јавноста со соддржината на сите, од изборите наваму, разговори што ги водел.

Курц денеска истакна дека досегашните разговори со Зелените биле многу добри.

Според него, не станало збор за распределба на ресорите во идната влада.

Лидерот на Зелените, Вернер Коглер, изрази задоволство  од досегашните разговори и кажа дека цел е, ако дојде до формирање влада, таа да трае цел мандат-пет години.

Според него, потребни се промени и дека во актуелните разговори целта е да се утврди дали недоразбирањата меѓу двете партии можат да бидат надминати.

Зелените, инаку, за недела закажаа седница на претседателството на партијата, на кое треба да се донесе одлука за влегување во коалициски преговори.

На другата страна, кај ОВП, пак, нема потреба од свикување  претседателство на партијата, бидејќи Курц однапред обезбеди овластувања за одлука за коалициски преговори.

Очекувањата се Курц на почетокот на следната недела да сооопшти со кого ќе влезе во коалициски преговори, но бидејќи како единствен партнер му останаа Зелените, нема сомнение дека со нив ќе продолжи да преговара.


Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Уште 109 случаи со КОВИД-19, еден починат и 422 оздравени

Скопје, 10 август 2020 () –  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, […]