Заврши првото процедурално гласање во американскиот Претставнички дом


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го прифати членот за отповикување на претседателот Доналд Трамп со првото процедурално гласање.



Сега е ред на второто процедурално гласање за резолуцијата за отповикување, пренесува Би-Би-Си.

После тоа, се планира дискусија и конечно гласање за отповикување, што треба да започне во 15 часот по локално време, или во 21 часот по средноевропско време.