Завојуваните страни во Судан постигнаа договор за 24-часовен прекин на огнот

sudanska armija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се согласија на 24-часовен прекин на огнот што ќе почне утре во 06:00 часот по локално време, објавија Саудиска Арабија и САД, кои се посредници во преговорите.

Според соопштението, армијата и РСФ се договориле да се воздржат, меѓу другото, од забранети движења, напади, употреба на авиони или беспилотни летала, бомбардирања и артилериски напади.


Доколку страните не го почитуваат примирјето, посредниците ќе бидат принудени да размислуваат за прекин на преговорите во саудискиот град Џеда, се посочува во заедничката изјава на Саудиска Арабија и САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK