Започна седницата во Сенатот за импичмент на Трамп


– Во Сенатот денеска започна сослушувањето за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп со воведен говор на Адам Шиф, демократски конгресмен, еден од таканаречените менаџери, или обвинители за отповикување на претседателот.

Седумте обвинители, закондоваци од Претставничкиот дом, ќе ги презентираат обвиненијата пред сенаторите, кои имаат улога на порота.

Судијата на Врховниот суд Џон Робертс ќе даде заклетва за извршување надзор на процесот, а потоа ќе се заколнат и сто членови на Сенатот.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, изјави дека при крајот на денешната седница ќе биде известена Белата куќа, за да се побара од претседателот да испрати негов советник кој треба да одговори на обвиненијата.

Главното сослушување ќе почне во вторник идната недела.


Вести

Катица под ПИ-мерки била девет дена

– Посебните истражни мерки за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, се применувале месец и пол покасно од ПИ-Мерките за обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец, кој биле следени од 20.06.2019 […]

Вести

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ мерките

– Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на […]

Бизнис

Поскапуваат бензините

– Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 […]