Запленето најголемо количество марихуана во историјата на Шпанија

Полицијата во реонот на шпанскиот град Барселона денеска откри 2.700 килограми марихуана наменети за нарко пазарите во Велика Британија и Холандија, што претставува досега најголема заплена на овој наркотик во историјата на Шпанија.

Како што соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи, при акцијата за заплена на дрогата се уапсени 25 лица осомничени за шверц на наркотици.

Марихуаната била произведена и преработена во реонот на Барселона, од каде потоа со камиони била пренесувана во Велика Британија и Холандија.

Шпанската полиција смета дека со криминалната нарко група раководеле британски и холандски шверцери на дрога.


Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]

Вести

Анкета: Граѓаните поделени околу општиот впечаток за работата на Владата

Повеќе од половина од граѓаните или 51,3 проценти не ја одобруваат работата на Владата, наспроти 43,8 проценти кои ја одобруваат работата, покажува истражувањето за ставовите и довербата на граѓаните за работата на Владата на Агенцијата за […]

Вести

Заев го повлече предлогот да раководи со Министерството за финансии, ќе ја врши функцијата до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев на денешната 103. седница на Собранието, на која се расправа по реконструкцијата на Владата, го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии. Заев појасни дека согласно овлатувастувањата со […]