Замрзнато финансирањето на нова електрана на јаглен во Полска


Полските државни енергетски компании Енерга и Енеа денеска го замрзнаа финансирањето за заедничката термоцентрала на јаглен, бидејќи не успеаја да соберат доволно пари од заемодавците загрижени за животната средина.  Изградбата на термоцентралата од еден гигават во Остролека во североисточна Полска веќе почна, но Енерга и Енеа не успеаја да ја добијат целосната сума, бидејќи банките се обидуваат да не позајмуваат за вакви проекти поради загриженост за животната средина и одржливоста.  Двете компании објавија дека го прекинале финансирањето на проектот, проценето на околу шест милијарди злоти (1,53 милијарди американски долари) како резултат на финансиските проблеми, европската политика за климата и промената на кредитната политика на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Проектот бара подлабока анализа на техничките и економските параметри.  Претходно, државната рафинерија ПКН Орлен, која планира да ја преземе Енерга, сигнализираше дека идната централа би можела да користи природен гас наместо јаглен.  Остролека требаше да биде завршена во 2023 година, а до крајот на јануари пет проценти од работите беа завршени. Активистите за животна средина се против новата електрана, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Полска од јаглен и дека нема економска оправданост.


Балкан

Хрватскиот јавен обвинител кој тврдеше дека е масон поднесе оставка

Главниот хрватски јавен обвинител Дражен Јелиниќ испрати барање од хрватската Влада да биде разрешен од функцијата, бидејќи бил дел од масонска ложа. Како што јави дописникот на МИА, барањето за смена обвинителот го даде по […]

Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]