Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД


– Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, денеска изјави дека Русија никогаш не одбила да соработува со американските партнери и конструктивно ќе одговори на секој нивен позитивен сигнал.


 

-Руско-американските односи ги гледаме онакви како што треба да бидат, истакна Захарова, пренесе Тасс.

„На овие односи гледаме како на односи на еднакво, взаемно почитување, и взаемно корисно партнерство. Така ние ги гледаме“, додаде таа.

-Од друга страна, исто така, ги гледаме и чекорите што, да речеме, Брисел ги презеде под притисок на Вашингтон и не можеме да не ги видиме, рече Захарова, додавајќи дека Русија никогаш не одбила да соработува дури и во најтешките моменти .

„Значи, ние ќе одговориме на позитивните сигнали конструктивно“, додаде таа во интервју за телевизијата „Русија-24“.