Захарова: Меј да престане со интригите и игрите со хемиските агенси


Москва, 5 јули 2018  – Руското Министерство за надворешни работи денеска ја повика британската премиерка Тереза Меј да престане со „интригите и игрите со хемиските агенси“, откако британските власти соопштија дека се случил уште еден случај на труење со нервен агенс „Новичок“.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова го повика Лондон да и овозможи на Русија, заедно со британските иследници, да учествува во истрагата за труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

– Оваа (британската) Влада, а особено нејзиното раководство, ќе мора еден ден да и се извини на Русија и на меѓународната заедница, изјави денеска Захарова.

Претходно, министерот за внатрешни работи на Британија Саџид Џавид изјави дека супстанцијата со која биле отруени двајцата Британци во областа Вилтшир, е идентификувана како нервен агенс „Новичок“, кој беше користен и при обидот за убиство на поранешниот двоен шпион Скрипал и неговата ќерка во март оваа година.

Претходно, Меј изјави дека е многу вознемирена, бидејќи двајца британски граѓани се отруени со нервниот агенс „Новичок“.

– Многу е вознемирувачко да видиш дека уште две лица биле изложени на „Новичок“ во Британија и полицијата, знам, дека ќе го преврти секој камен во текот на истрагата, изјави Меј во Германија, каде што се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*