Шест лица загинаа, а 23 се повредени во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти.
Меѓу жртвите има и дете кое загина кога торнадото го погоди округот Монтгомери, северно од Нешвил, пренесува АП.
Повеќе од 80.000 луѓе во Тенеси останаа без струја во саботата вечерта, а многу домови и згради беа оштетени, јави Танјуг.
Надлежните ги повикаа граѓаните да останат во своите домови, а беше отворено и прифатилиште во локалното училиште.