Задолжително носење маски во Франција од следната седмица


Задолжително носење маски во Франција од следната седмица - МИА

Париз, 16 јули 2020 () – Франција воведе задолжително носење маски на јавни затворени места од следната недела, соопшти владата откако земјата регистрира ново зголемување на случаите со коронавирус.


 

До сега, маските беа задолжителни само во јавниот превоз. Но, пред Сенатот, премиерот Жан Кастекс најави дека маските ќе бидат задолжителни и во продавниците и друг затворен простор.

Министерот за здравство Оливие Веран изјави дека има знаци дека случаите со коронавирус почнуваат да се зголемуваат. Во епидемијата досега починаа повеќе од 30 000 луѓе во Франција. Тој објасни дека е забележано зголемување на бројот на пациенти во некои болници во Париз. Министерот ги повика Французите да останат будни и активни во борбата против вирусот.