Задолжителен 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија


Задолжителен 14-дневен карантин за сите кои влегуваат во Велика Британија - МИА

Лондон, 22 мај 2020 () – Во Велика Британија ќе биде задолжителен 14-дневен карантин од 8 јуни за сите оние кои доаѓаат од странство. Тоа го изјави денеска британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, појаснувајќи дека целта е спречување на ширењето на новиот корронавирус.

Секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, ќе мора да биде во изолација 14 дена и ќе мора да наведат каде ќе бидат за тоа временски период.

– Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест, рече Пател на прес-конференција.

За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти/. Карантин нема да биде обврзен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]