За прв пат од почетокот на војната тешко болни деца од Газа одат на лекување преку граничниот премин Керем Шалом

фгз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За прв пат од почетокот на војната тешко болни деца од Појасот Газа заминуваат на лекување во странство преку граничниот премин Керем Шалом, кој се наоѓа на границата на Израел, Газа и Египет, објави денеска Тајмс оф Израел.


Критично болните палестински деца чекаат со членовите на семејството во болницата Насер во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, откако наводно добиле дозвола од израелската војска да одат на лекување преку граничниот премин Керем Шалом.

Палестинските медиуми објавија дека децата од северот на Појасот Газа треба да бидат однесени на лекување во странство, а акцијата била координирана преку Светската здравствена организација (СЗО).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK