Пекингшкиот универзитет Сингхуа, каде што студентите се собраа за време на викендот, и други училишта во главниот град и јужната провинција Гуангдонг соопштија дека ги испраќаат учениците во нивните домови со организиран превоз „за да ги заштитат од Ковид-19“.
„Растурањето“ на учениците во далечните родни места ја намалува веројатноста за нови демонстрации. Кинеските лидери се особено внимателни кон универзитетите кои беа жаришта на активизам, вклучително и протестите на Тјенанмен.
Девет студентски домови на Сингхуа беа затворени вчера, откако неколку студенти беа позитивни на „Ковид-19“, додека универзитетот за шумарство во Пекинг, исто така, соопшти дека ќе организира студентите да се вратат дома и покрај тоа што сите негови студенти беа негативни на тестот за вирусот.
Универзитетите соопштија дека наставата и завршните испити ќе се одвиваат онлајн.
– Властите се надеваат дека со чистењето на кампусот ќе ја „разблажат ситуацијата, оцени Дали Јанг, експерт за кинеска политика од Универзитетот во Чикаго. Сепак, тој очекува дека протестите ќе продолжат со нови групи кои ќе се менуваат на различни места.