Втора ерупација за три дена на вулканот Пакаја во Гватамела


 – Вулканот Пакаја во Гватемала вчера еруптира по вторпат во последните три дена, јави ДПА.


 

Силните експлозии во вулканот се регистрирани на околу 50 километри јужно од градот Гватемала сити, соопштија претставници на  Службата за вонредни состојби – Конред. Слични експлозии беа регистрирани и во средата.

Вулканот, висок околу 2.500 метри, исфрли лава, густа пепел и гас, достигнувајќи височина од 5.500 метри.

Три потоци со лава долги до 1.500 метри беа пријавени на јужното крило на вулканот.

На локалните жители им е укажано да ги почитуваат сите потенцијални наредби за евакуација, да не се изложуваат на ризик, да имаат спакувани торби за итни случаи, да ги покријат резервоарите за вода и да носат маски, пренесе ДПА.

Пакаја е еден од неколкуте вулкани во регионот. Кога блискиот Волкан де Фуего избувна во 2018 година, починаа околу 200 луѓе.