Врховниот суд на САД гласаше против примена на позитивна дискириминација при упис во американските универзитети

vrhoven sud-SAD
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд на САД не дозволи примена на програми за полесен прием на студенти во Харвард и во Универзитетот на Северна Каролина засновано на расната припадност, укажувајќи дека тие правила го прекршуваат Уставот.

Гласањето синоќа беше поделено по идеолошка линија со гласот на претседателот на Уставниот суд Џон Џ. Робертс во полза на конзервативните членови, при што либералните останаа во малцинство.


Полемиката беше околу принципот на позитивна дискриминација или позитивни дејствија (affirmative action) како што е познат во САД.

-Студентите треба да бидат третирани врз основа на нивните искуства како индивидуи, не врз основа на расата, напиша Робертс.

-Многу универзитети веќе предолго време го прават спротивното. И правејќи го тоа тие заклучија, но погрешно, дека темелникот на идентитетот на индивидуата не е поквалететни предизвици, поизградени вештини или научени лекции туку бојата на нивната кожа. Нашата уставна историја не толерира таков избор, истакна судијата.

Вашингтон пост пишува дека во носењето на одлуката дали позитивната дискриминација признава и негува мултикултурна нација или недопустливо ги дели Американците врз основа на расата, Врховниот суд се покажал како најподелен во неговата историја. Тој е составен од девет судии: четири бели мажи, две бели жени, двајца темнокожи, маж и жена, и една јужноамериканка. Заклучно јуни 2022, шест од судиите се назначени од републикански претседател, три се од демократски.

На последното слично гласање во 2016 година судот ја подржа програмата за позитивна дискириминација при упис во Универзитетот на Тексас, заклучувајќи по трет пат дека образовната разновидност оправдува разгледување на расата како фактор во одлуките за прием во универзитетите.

Во судските тужби на активистите за фер прием од двата универзитети се вели дека водечката политика на универзитетот во Северна Каролина ги дискриминирала апликациите на белците и Азијците во корист на Афроамериканците, Јужнамериканците и домородните Американци.

Во случајот против Харвард се вели дека универзитетот вршел дискриминација против азиско-американските студенти со примена на субјективни стандарди за ограничен број на примени студенти од оваа група.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK