Врховниот суд на Бразил и нареди на Владата да објавува целосни податоци за Ковид-19



Врховниот суд на Бразил и нареди на Владата да објавува целосни податоци за Ковид-19 - МИА

Рио де Жанеиро, 10 јуни 2020 () – Врховниот суд во Бразил и нареди на Владата да продолжи со објавување целосни податоци за заразените од Ковид-19, вклучително и вкупниот број на починати луѓе.

Бразилската Влада претходно престана да го објавува вкупниот број на починати од новиот коронавирус, но продолжи да го објавува бројот на новозаразени на дневно ниво.

Судијата Александре де Моарес изјави дека Владата има должност да ги информира граѓаните. Тој  додаде дека пандемијата, од која починаа 38.400 Бразилци, од Владата бара транспарентност.

Жилмар Мендес, судија од Врховниот суд истакна дека манипулацијата на податоците е тактика на авторитарен режим и прикривањето бројки нема да ја ослободи Владата од одговорноста за големата епидемија во Бразил.

Од бразилското Министерство за здравство најавија дека ќе го обноват кумулативниот број на смртни случаи на веб-страната, но со измени во методологијата.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]