Вработени на ОН зад себе оставија стотици непризнаени деца, сега нивните мајки бараат правда

Вработени-на-ОН-зад-себе-оставија-стотици-непризнаени-деца-сега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога Полина Филип дозна дека носи близнаци, почувствува блесок на среќа. Потоа прсна да плаче пред медицинскиот техничар кој штотуку и направил ултразвук.


“Зошто плачеш?” се сеќава дека ја прашал. Обидувајќи се да ја расположи, тој додал: „Имаш близнаци, Превал и Аристид!“ мислејќи на двајцата поранешни претседатели на Хаити.

Како што пишува Си-Ен-Ен, во тоа време Хаити сè уште беше опбременет од смртоносниот земјотрес што го погоди главниот град Порт-о-Пренс две години пред тоа, во 2010 година, при што загинаа стотици илјади луѓе. Катастрофата предизвика огромен прилив на хуманитарни работници и групи, вклучително и мировен контингент на Обединетите нации кој донесе смртоносна епидемија на колера во малата карипска земја, што резултираше со речиси 10.000 смртни случаи.

Човекот со кој ги доби нејзините близнаци беше дел од меѓународниот тим за помош, полицаец на ОН на привремена задача во Порт-о-Пренс. „Оженет и со семејство дома во Нигер“, вели Филип.

„Размислував за се што може да се случи“, додава таа за Си-Ен-Ен. „Му се јавив на нивниот татко и му кажав дека носам близнаци. Тој ми рече: „Како може тоа? Од мене? Ќе ја напуштам земјата, ќе имаш копилиња. Не можеш да одгледуваш деца без татко“.

Но, во ноември 2012 година, тогаш 26-годишната родила девојче и момче. Нивниот татко ја напуштил земјата два месеци подоцна.

Си-Ен-Ен разговараше со Филип во нејзиниот мал стан во Дајабон, правлив трговски град во Доминиканската Република, каде што таа и нејзините близнаци побегнаа во 2021 година, обидувајќи се да го остават зад себе хаосот од блокираните патишта и затворените училишта на Хаити.

Во еднокреветната соба што ја дели семејството, децата спијат на мал кревет, а Филип спие на подот од плочки. Нејзиниот син има многу болки поради медицинска состојба за која Филип вели дека може да се излечи со едноставна операција, но таа не може да си ја дозволи.

Таа вели дека го запознала таткото на нејзините деца додека работела како чистачка во седиштето на ОН во Порт-о-Пренс во 2009 година. Најпрво ја замолил да работи за него, односно да купува намирници на локалниот пазар. На крајот, вели, ја замолил да дојде кај него дома.

Денес, Филип се бори да ја дефинира нивната врска, која траеше уште неколку години. „Не можев да кажам дека се сакаме“, рече таа. Една година по неговото заминување, Полин Филип одлучи дека ОН треба да знаат што се случило.

Од нејзиниот роден град Кап-Хаитиен, пристанишен град на северниот брег на Хаити, во 2014 година се качила на мото-такси со своите близнаци, по еден во секоја рака, и го започнала повеќечасовното патување. „Морав да се соочам со ОН и да им кажам што се случи“, вели таа.

Според Си-Ен-Ен, Филип е една од безбројните жени и девојки ширум светот кои одгледуваат деца чии татковци се мировници и персонал на ОН.

Од 2010 година до февруари оваа година, ОН евидентирале 463 барања за утврдување на татковството на нивниот персонал, од кои 55 биле потврдени.

И ова се само жените кои се огласија.

Главно напуштени од мажите со кои зачнале, овие мајки се обидуваат да ги воспитуваат децата во веројатно едни од најтешките услови во светот – по природни катастрофи, насилни и етнички конфликти или во бегалски кампови – и често се соочуваат со тешка социјална стигма.

Но, иако средината во која живеат жените може да ги осуди, ОН се јасни за тоа кој е виновен за, како што го нарекуваат, „сексуална експлоатација и злоупотреба“.

Во 2003 година, тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, издаде билтен во кој обесхрабрува секс меѓу работниците на ОН и луѓето на кои им биле испратени да им помогнат, објаснувајќи дека таквите односи „се засноваат на инхерентно нееднаква динамика на моќ“ и „го поткопуваат кредибилитетот и интегритетот на работата. на Обединетите нации“.

На мировниците и воената полиција – како таткото на децата на Полин – им е забрането да се „мешаат“ со цивилното население.

Актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш вети дека ќе ги доведе во ред ОН. Во 2017 година, тој презентираше стратегија со четири страни, чија цел беше не само да се стави крај на неказнивоста, туку и да се даде приоритет на правата и достоинството на жртвите. Тој го назначи првиот претставник на ОН за правата на жртвите и создаде фондација за поддршка на жртвите.

Но, Полин Филип и шест други мајки од Хаити, интервјуирани од Си-Ен-Ен, велат дека поддршката на ОН била слаба и условна. И нивните барања за правда, како алиментација на која треба да имаат право според законот на Хаити, но и компензација за жртвите, не дадоа речиси ништо.

„Тие не третираат како да не сме луѓе“, рече една жена, опишувајќи ја комуникацијата со ОН.

На Хаити, каде завојуваните банди протераа илјадници луѓе од нивните домови во Порт-о-Пренс, предизвикувајќи зголемување на цените на храната и енергијата низ целата земја, жените опишаа очајна борба да преживеат и да се грижат за своите деца. Некои беа принудени да ја напуштат земјата.

Во меѓувреме, продолжија сексуалните скандали со персонал на ОН. Во јуни оваа година, 60 танзаниски мировници беа испратени дома од Централноафриканската Република поради наводи за сексуална експлоатација и злоупотреба, во кои се вмешани четири жртви, од кои две се деца, пишува Си-Ен-Ен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK