Вонредна состојба во Киргистан, наредено распоредување на армијата



 

Киргистанскиот претседател Соронбаи Женбеков прогласи вонредна состојба во земјата и нареди распоредување на армијата во Бишкек.

Во Киргистан се одржаа парламентарните избори во неделата, на кои четири партии го поминаа цензусот. Еден ден подоцна, избувнаа протести на приврзаниците на партиите кои не го поминаа цензусот, кои се одржаа во главниот град Бишкек.

Опозициските партии и нивните приврзаници зазедоа неколку владини згради, а Изборната комисија подоцна ги поништи изборните резултати.

Киргистанскиот претседател Соронбаи Женбеков изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира нова влада и со цел да се стави крај на немирите што се појавија откако приврзаниците на опозицијата ги окупираа владините згради.