Воените вежби во Австралија продолжија откако беа стопирани по уривањето на воен хеликоптер

helikopter_345345435443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Големите воени вежби во Австралија во кои учествуваат Соединетите Американски Држави продолжија денеска, откако беа пронајдени остатоци од хеликоптерот кој се урна вчера.

Хеликоптерот Тајпан (MRH-90) се урна кај островот Хамилтон во североисточната австралиска држава Квинсленд. Четворицата членови на екипажот се сметаат за исчезнати, изјави министерот за одбрана Ричард Марлс.


Подоцна, началникот на полицијата во Квинсленд, Даглас Мекдоналд изјави дека се пронајдени остатоци од воениот хеликоптер. Членовите на неговиот екипаж и понатаму се водат како исчезнати, а потрагата по нив продолжува.

САД и Австралија, кои се блиски сојузници во индо-пацифичкиот регион, ја спроведуваат вежбата Сабја Талисман заедно со 11 други земји. Австралискиот министер за одбрана и неговиот американски колега Лојд Остин се очекува да ги следат маневрите во северниот дел на Квинсленд откако денеска ќе завршат нивните разговори во регионалната престолнина Бризбејн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK