Воено извидувачко беспилотно летало се урна во вторникот вечерта во југозападна Полска, јави денеска приватната телевизија RMF FM.
Дронот бил пронајден во шумата во близина на селото Трзебиен, откако случаен минувач повикал Итна служба и рекол дека видел објект како паѓа во областа, наведува телевизијата.
Областа каде што се урна дронот е во близина на Центар за воена обука.
Александар Кучарчик од противпожарната служба во Вроцлав за телевизијата изјави дека во инцидентот нема повредени и дека претставникот на армијата му рекол дека станува збор за извидувачки дрон. Не е јасно од каде потекнува дронот.
Полското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.