Во земјотресот на Сулавеси загинаа најмалку 78 луѓе


Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во петокот го погоди индонезискиот остров Сулавеси се искачи на 78 луѓе.



Земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихртеровата скала најтешко ги погоди градот Мамуџа и соседната облчаст Маџена. Во Мамуџа загинаа 67 луѓе, а во Маџена 11.

Во погодените области подобрено е снабдувањето со електрична енергија, а се обновуваат и телефонските врски.

Илјадници луѓе останаа без домови, а над 800 лица се повредени, од кои поголемиот број се во тешка здравствена состојба. Повеќе од 27.800 луѓе се сместени во импровизирани прифатилишта, каде нема доволно храна и ќебиња.

Во областа Маџена оштетени се најмалку 1.150 згради.