Сувото време и променливите ветрови во западна Канада го зголемија ризикот од ширење шумски пожари во Алберта, провинција која веќе евакуираше илјадници луѓе.
Во Алберта моментално има 90 активни пожари, од кои 23 се надвор од контрола, соопштија тамошните власти.
Повеќе од 30.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови поради пожарите кои зафатија голема површина, а беше прекинато производството на најмалку 319.000 барели нафта дневно или 3,7 отсто од националното производство.
Во првите 11 дена од мај се забележани најтопли температури во неколку делови на Алберта, вклучително и Едмонтон.
Предупредувања и наредби за евакуација беа издадени и во соседната провинција Британска Колумбија, каде се активни 60 шумски пожари.
– Според прогнозата за Алберта за вторник, ќе има силен ветер, не многу дожд, иако постојат мали шанси за невреме, изјави метеорологот Сара Хофман.
Сепак, промената на насоката на ветерот може да претставува проблем за пожарникарите бидејќи движењето на пожарот нагло се менува. Во гаснењето учествуваат пожарникари од цела Канада и САД и канадската војска.
Некои енергетски компании го рестартираат производството, а производителот на природен гас Киветинохк енерџи соопшти дека обновил две третини од производството.