Во венецуелската држава Зулија починале 22 лекара од коронавирус



Од корона заболени се вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа - МИА

Каракас, 4 август 2020 () – Најмалку 22 лекара починале од последици на коронавирус во државата Зулија, во северозападниот дел на Венецуела, изјави претседателката на лекарското здружение Даниела Пара.


 

– Сите можат да забележат дека здравствените работници ја плаќаат највисоката цена поради пандемијата, истакна Пара.

Таа додаде дека лекарите предложиле мерки за намалување на ризиците во кои работат лекарите на првата линија на фронтот во борбата против Ковид-19.