Во Вашингтон вечерва се очекува еден од најголемите протести


Во Вашингтон вечерва се очекува еден од најголемите протести - МИА

Вашингтон,  6 јуни 2020 () – Во Вашингтон вечерва се очекува голем протест против расизмот и полициската бруталност, можеби еден од најголемите досега, поради неодамнешното убиство во Афроамериканецот Џорџ Флојд,  изјави началникот на полицијата.

Активисти на социјалните мрежи повикаа на протестот да се соберат милион луѓе.

Убиството на Флојд веќе 12 дена по ред предизвиувка масовни протести и насилства низ целата земја, а се протестира и низ во многу градови во  светот.

Џорџ Флојд (46) беше убиен на 25 мај во Минеаполис, од бел полицаец, кој со коленото му го притискаше вратот цели 8,46 минути, се додека не се задуши. Првата независна обдукција покажа дека Флојд починал од задушување, додека официјалната покажа дека починал од инфакт, а и дека бил позитивен на Ковид-19.

-Имаме многу информации од јавен карактер што сугерираат дека денешниот митинг би можел да биде еден од најголемите досега во градот, изјави началникот на полицијата Питер Њушам за локалните медиуми,  додавајќи дека голем дел од центарот на градот ќе биде затворен за сообраќај.

 

 

 


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]