Во три округа од Англија издадени серија предупредувања за голема опасност од поплави


-Во три округа од Англија денеска  се издадени неколку предупредувања за опасноста од големи поплави, што значи дека постои опасност по животот на луѓето.

Големите бури во овие окрузи веќе предизвикаа поплави и недостиг од струја, а британскиот секретар за животна средина Џорџ Јустис соопшти дека климатските промени создаваат екстремни временски услови и дека владата не е неподготвена, пренесоа американските медиуми.

-Никогаш нема да бидеме подготвени да ја заштитиме секоја куќа поединечно заради природата на климатските промени и фактот дека таквите временски услови стануваат поекстремни, меѓутоа, со значителна сума пари направивме се што можеме и ќе направиме уште повеќе, рече Јустис.

Петте предупредувања за големи поплави се издадени во Ворчестер, Херфордшир и Шропшир.

Жителите на оделните делови на Велс и во западна Англија денеска почнаа да ги расчистуваат последиците од поплавата, откако таму беа поплавени патишта, железнички пруги, куќи и продавници.

Во текот на викендот во оделени делови на Велика Британија беа измерени и удари на ветрот со брзина поголема од 145 километри на час, проследени со 150 милиметри дожд на метар квадратен, а метеорозите  велат дека нивоата на реките во оделни делови на северна Англија се уште не го достигнале својот максимум.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]