Во градот Јелоунајф во северна Канада жителите се евакуирани поради брзото ширење на шумските пожари, соопштија локалните власти. Околу 20.000 жители на Јелоунајф добија рок за заминување до утре на пладне по локално време. Пожарот синоќа бил на само 17 километри од градот.
„За жал, ситуацијата со шумските пожари се влошува западно од Јелоунајф и претставува сериозна закана“, рече министерот за животна средина на северозападните територии Шејн Томпсон.
Тој нареди евакуација на 20.000 жители на градот на крајниот север на Канада.
Евакуацијата треба да заврши до утре, пренесува Бета.
Канада се бори со најлошата сезона на пожари досега, при што вчера низ земјата имало речиси 1.100 активни жаришта.