Во Србија речиси 7.000 новозаразени, 37 починати



 

Според последните информации, во Србија се регистрирани 6.842 нови случаи на коронавирус, додека 37 лица починале.

Вкупно се тестирани 21.476 лица, а 225 лица се приклучени на апарати за дишење, додека хоспитализирани се вкупно 729 лица.

Досега во Србија со коронавирус се заразиле вкупно 133.029 лица, а регистрирани се 1.274 смртни случаи.