Во Словенија речиси 1.600 новозаразени, починаа 43 лица



 

Во Словенија, во последните 24 часа биле потврдени 1.591 нов случај на коронавирус од 6.938 тестирани, а 43 лица починале.

На болничко лекување има 1.258 пациенти, што е за 66 помалку од претходниот ден.

Бројот на пациенти на интензивна нега исто така е намален.

Од почетокот на пандемијата, досега се заразени 74.265 луѓе во земјата, а починале 1.336 пациенти со Ковид-19, пренесува СТА.