Во Шведска исчезнуваат банкнотите како платежно средство



Во Шведска исчезнуваат банкнотите како платежно средство - МИА

Стокхлм, 16 септември 2020 () – Во Шведска веќе подолг период монетите и банкнотите не се омилено средство за плаќање, а кризата со новиот коронавирус само го зголеми трендот на безготовинско плаќање.

Според германскиот неделник „Фокус“ родителите во Шведска дури и џепарлакот на своите деца не им го даваат во готовина  туку го уплаќаат на штедните книшки.

– Само 16 проценти од децата добиваат џепарлак во готовина, додека 84 отсто имаат дигитална штедна книшка, наведува „Фокус“.

Истражувањето покажува дека 75 проценти од Швеѓаните на возраст од 18 до 34  година не плаќаат со готовина.

Сите монети и банкноти што се во оптек во Шведска се само еден отсто од бруто домашниот производ, додекаво САД, каде исто така се плаќа со картичи, тој процент изнесува осум, а во еврозоната – 10.

Кризата со Ковид-19 само ја зголеми одбојноста на Швеѓаните кон готовината, а најголемиот број плаќаат без контакт, преку НФЦ чип на картичките или преку мобилен телефон.

Во Германија безготовинското плаќање се зголеми од 40 на 44 отсто, додека во Шведска процентот изнесува 85.

И покрај тоа што безготовинското плаќање е побрзо, го спречува перењето на пари, затајувањето на данок, Народната банка на Шведска (Риксбанк) предупредува на опасностите.

Гувернерот Штефан Ингвес оценува дека младите лица бидејќи не користат готовина нема да знаат како изгледаат парите, а постојат и други ризици, како кибер нападите.

Тој побара од Владата да усвои закон со кој банките ќе бидат обврзани секогаш да имаат одредено количество на готовина во трезорите.

И други експерти се скептични кон безготовинското општество и укажуваат дека земјата е ранлива ако се потпира само на дигиталниот систем за плаќање.


Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]

Вести

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

– Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар“ затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба. -Имајќи предвид дека Миле Јанакиески […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*