Во Северна Ирска се уште постојат препреки за извршување на абортус



Во Северна Ирска се уште постојат препреки за извршување на абортус - МИА

Белфаст, 24 јуни 2020 () – Речиси една година откако британскиот Парламент изгласа легализација на абортусот во Северна Ирска, жените се уште се соочуваат со локални политички бариери.


 

Конзервативниот министер за здравство Робин Свон одби да нареди пружање на здраствена услуга абортус, а исто така и одби да воведе итни телемедицински мерки што се нудат во останатиот дел од Велика Британија за време на пандемијата со Ковид-19.

Од 1 април до 22 мај во Северна Ирска извршени се 129 абортуси, а во изминатите две години беа дозволени само осум прекини на бременоста, во случаи кога беше загрозен животот на жената.

Активистите предупредуваат дека цел спектар на услуги дозволени со законот, се уште не се на располагање во Северна Ирска, поради што жените се принудени да патуваат во Англија или Ирска.